Еуфорично се прославуваше светската титула низ цела Шпанија, но големата прослава се претвори во неверојатна трагедија во градот Саламанка, каде животот го загуби 13-годишно дете.
Жителите на Саламанка беа собрани на градскиот плоштад славејќи ја победата над Аргентина, кога се урна горниот дел од фонтаната, паѓајќи без луѓето што се најдоа во тој момент под неа.
Две возрасни лица се задржани на болничко лекување, но таква среќаше немаше 13-годишното момче кое починало на лице место.
Градскиот совет на Саламанка прогласи тридневна жалост поради оваа страшна случка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
