Следното издание од Лигата на нации во крајно необични термини

Македонија по поразот од Ерменија во последното коло, и во следното издание од Лигата на нациите 2022/23 ќе биде во Ц-лигата.

А, третото издание од Лигата на нациите, поради квалификациите за СП 2022, ќе почне дури за речиси две години од сега. Натпреварувањето во групната фаза ќе биде во необични термини почнувајќи од 2. јуни 2022 година а ќе трае се до 27. септември истата година. Пле-оф баражите за пласман на ЕП 2024 ќе се играат во март 2023 година.

Поради завршницата на Мундијалот 2022 во Катар одредено е Лигата на нациите да се игра во овие термини. Македонија преку Лигата Ц ќе има можност за да се бори за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Се вчитува...