Ливерпул сигурно ќе биде без услугите на Џереми Фримпонг на следниот натпревар против Брентфорд на гости. Десниот бек се повреди на мечот во Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт, и ќе мора да паузира до крајот на идната недела.
Што се однесува до Александар Исак и Рајан Гравенберх, нивниот настап на утрешниот меч е под голем знак прашалник, соопшти тренерот на „црвените“ Арне Слот.
„Џереми Фримпонг не е во добра состојба. Дефинитивно нема да игра утре, можеби и следната недела. Повредата на тетивата трае подолго. Повредата на Александар Исак не е толку лоша, но е под знак прашалник за викендот. Да видиме како се чувствува. Истото може да се каже и за Рајан Гравенберх. Тој не патуваше со нас во Германија. Ќе видиме како е денес. Алисон е сè уште надвор од терените. Ќе му треба уште малку време“, рече Слот за време на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

