Дека Арне Слот останува во Ливерпул, говори податокот што Холанѓанецот одбил да го преземе холандскиот гигант и поранешен европски првак Ајакс.
Холандските новинари откриваат дека директорот на Ајакс, Жорди Кројфу го контактирал Арне Слот и му понудил да го води тимот од Амстердам. Сепак, сегашниот тренер на Ливерпул ја одбил можноста да се врати во Холандија, и да се пресели во Амстердам.
И покрај тоа што оваа сезона ќе заврши без трофеј, сепак, Слот и натаму ја ужива довербата на челниците на Ливерпул, пред се поради титулата освоена лани, и тоа на дебитанската сезона на клупата на тимот од „Енфилд“.
Слот е на цена во Холандија, особено по неговите успеси со Феенорд, од каде замина во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
