Слот ја затвори темата Салах: Ни беше потребен!

Фудбалерите на Ливерпул славеа на домашен терен против Брајтон со 2-0 во натпревар во кој својот кам-бек во тимот го имаше Мохамед Салах како дел од 16. коло од новата сезона во Премиерлигата.

Салах доби топол пречек од навивачите кога влезе во игра во 26. минута на „Енфилд“ по повредата на дефанзивецот Џо Гомез. Арне Слот по мечот изјави дека им е потребен Салах.

„Она што беше кажано меѓу нас двајца, го кажав многу пати, за мене останува меѓу нас. Тој беше во тимот и ни требаше. Беше опасен, првата топка што ја допре речиси заврши како асистенција. Постојано беше вклучен, беше задоволство, но ништо неочекувано бидејќи го покажа тоа многу пати претходно“, изјави Слот. 

Се вчитува...