Слот контра критиките: Нема причина да го менуваме стилот на игра

Арни Слот трпи големи критики од фудбалската јавност по шестте порази во последните седум натпревари првенствено поради стилот на игра кој го применува, а не се соодветнува со огромната сума на потрошени пари за врвни фудбалери во последниот преоден рок.

Холандскиот стратег сепак верува во својата замисла и не гледа причина да го промени стилот на игра, но се сложува дека треба поквалитетна да биде одбраната.

„Не гледам причина зошто да го менуваме стилот на игра, но се сложувам дека треба да дозволуваме помалку голови. Екипата која против Палас за прв пат беше заедно на терен се најде во само три незгодни ситуации. За жал, два пати примивме гол“, изјави Слот.

Тренерот на Ливерпул се осврна и кон повредите…

„Рајан вчера тренираше со екипата. Ќе тренира и денеска, а потоа ќе процениме дали е способен да го започне натпреварот. Исак и Куртис Џоунс се уште не тренираат со нас. 99.9 отсто нема да играат утре“, додаде Слот.

Се вчитува...