Слот: Навикнат сум да ми заминуваат најдобрите фудбалери

Пред дербито со Арсенал во 36. коло од Премиерлигата тренерот на Ливерпул, Арни Слот говореше и за заминувањето на Трент Александер-Арнолд, англискиот репрезентативец кој по 20 години поминати во „црвениот“ дрес официјално потврди дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Слот имаше интересна изјава споредувајќи го заминувањето на Александер-Арнолд со заминувањата на најдобрите фудбалери кои ги предводел во Алкмар и Фејенорд.

„Како и било кој кој го сака Ливерпул и е наш навивач, разочаран сум дека ни заминува добар човек, но и добар фудбалер. Бев и во Алкмар и Фејенорд кога ни заминуваа добри фудбалери, така да навикнат сум на тоа. Искуството кое го стекнав во овој клуб вели, ако добар играч заминува, ќе дојде друг добар играч. Тоа ќе се случи и сега“, изјави Слот кој додаде дека немал разговор со фудбалерот за тоа кој ќе биде неговиот следен клуб.

„Не ни кажа ништо за тоа, ни кажа само дека заминува. Не можам да ви кажам дали ќе игра на Светското клупско првенство. По мојата насмевка ви е јасно, и вие и јас знаеме каде ќе замине, но тој не ми кажам мене ништо па и не е мое да коментирам“

Се вчитува...