Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот е убеден дека за него и неговиот тим доаѓаат подобри времиња. Екипата на „црвените“ беше во сериозна криза, па дури на Слот му се закануваше и отказ, но најверојатно ќе успее да „преживее“ на клупата на тимот од Енфилд.
И не само тоа, туку Слот вели дека и натаму е потребно време, но дека тимот оди во вистинска насока.
„Се доближуваме до местото каде што сакам да го видам нашиот тим. Минавме низ подеми и падови, за мене е сосема логично затоа што направиме многу промени во летниот преоден рок. Ги направиме затоа што сметавме дека се неопходни. Треба да се адаптираме, затоа е потребно време“, рече Слот.
Исто така се освртна и на судиските одлуки.
„Треба да се осигураме дека тимот ќе достигне ниво во кое судиските одлуки нема да имаат никакво влијание врз нашиот настап“, заклучи Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

