Со победата над Астон Вила, Ливерпул ја прекина црната серија на порази во Премиерлигата. „Црвените“ славеа 2-0, и овој меч беше еден вид ултиматум за Арне Слот, за кого се шпекулираше дека би можел дури и да добие отказ.
Холанѓанецот на клупата на Ливерпул после натпреварот ја доби поддршката од навивачите, кои го скандираа неговото име, и покрај кризата во која влезе англискиот првка.
„Поддршката која ја имам тука го прави овој клуб специјален. Скандирањето на моето име од навивачите многу ми значи, особено во овој предизвикувачки период за тимот. Тоа ми дава мотив да продолжам понатаму“, рече Слот.
Во меѓувреме и од раководството на Ливерпул истакнаа дека позицијата на Слот не е воопшто загрозена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

