Арне Слот одржа прес-конференција пред последното коло од Премиерлигата во кое Ливерпул ќе го пречека Брентфорд. Една од главните теми, како што се очекуваше, беше Мохамед Салах.
Уште еднаш оваа сезона, по којзнае кој пат, објавите на Мохамед Салах на социјалните мрежи беа тема на прес-конференцијата на менаџерот на Ливерпул.
„Не мислам дека е воопшто важно како се чувствувам во врска со тоа. Важно е да се освои место во Лигата на шампионите во недела, ги подготвувам Мо и другите да бидат подготвени за работата што претстои на најдобар можен начин. Тоа е она што е важно. Бев многу разочаран по поразот од Астон Вила бидејќи победа на тој натпревар можеше да ни даде место во Лигата на шампионите, а ние не го направивме тоа. Сега ни останува уште еден натпревар за да го направиме она што е важно за нас и за клубот“, рече Слот.
Сепак, Слот не издржа до крајот:
„Ми кажувате дека Мо сака да играме хеви метал стил, претпоставувате дека тоа не е мој стил. Минатата година не доведов до титулата, тоа е мојот стил. Мо беше многу задоволен со тоа. И тој и јас го сакаме најдоброто за клубот, сакаме клубот да биде успешен. Мојата работа е да го развијам тимот за да биде успешен и да игра фудбал каков што ми се допаѓа мене и на навивачите ќе им се допадне. Не ми се допадна многу во оваа сезона. Дали мојот стил се промени? Лигата се промени, фудбалот се промени и тоа го кажав многу пати. Но, лигата се развива и на таков начин што нема да видиме многу победи од 5 или 6-0“, заврши Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
