Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот проговори откако неговиот тим загуби со 2:3 од Брентфорд во натпреварот од 9-тото коло од англиската Премиер лига.
Слот е загрижен по четирите порази на својот тим во Премиерлигата, иако се чинеше дека, конечно, ја најдоа вистинската форма по победата над Ајнтрахт во Франкфурт со 1-5 во Лигата на шампионите.
„Не игравме добро, без да ги сметаме 25-30 минути во првиот дел. Но, и тогаш губевме со 1-0, и во тој период се надевав дека можеме да ги свртиме работите во наша корист. Но, а кого погледнете остатокот од играта, резултатот, како игравме, и како противникот играше и се бореше, немавме никакви шанси за да освоиме бодови на овој натпревар. Мислам дека не можеме да ги споредиме сите овие порази. Најзагрижувачки е што се четири по ред. Резултатите се секогаш најважни, и само така се оценува играта, која според мене беше најлошата од овие четири меча. И повторно примаме голови од прекини и не постигнуваме гол, тешко е да се победи во таква ситуација“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

