Словачко го купува Марјан Радески

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески заминува од Шкендија, а негова следна дестинација треба да биде Словачко. Чешкиот клуб е заинтересиран за ангажман на крилниот напаѓач кој добива слободни документи од тетовскиот клуб.

Спортски директор на Словачко е поранешниот репрезентативец Величе Шумуликоски кој добро ги познава квалитетите на Радески и смета дека тој би бил адекватно засилување за тимот.

Марјан Радески дојде во Шкендија во 2015 година од Металург и за тетовскиот клуб има одиграно 100 натпревари и постигнато 37 гола. За репрезентацијата на Македонија има 16 настапи.

Се вчитува...