Словакот Јан Кривак ќе биде замената за Бејтулаи во Шкендија?

Словачкиот интернационалец Јан Кривак е можниот наследник на Егзон Бејтулаи на стоперската позиција во Шкендија. Овој 26-годишен одбранбен фудбалер е понуден на раководството на актуелниот македонски првак, а тренерот Ернест Ѓока и луѓето од управата треба да одлучат дали тоа би било вистинското решение за пополнување на празнината што се појави откако Бејтулаи замина во Хелсингборг.

Кривак е член на чешкиот прволигаш Карвина, но нема премногу настапи за тимот во изминатите шест месеци. Оттаму и бара нова средина каде ќе може да добие поголема минутажа. Тој има и еден настап за најдобрата репрезентација на Словачка, во 2017 година.

Се вчитува...