Словенецот Tатар е нов „бомбардер“ на Пелистер

Раководството на Е. Пелистер веќе почна со формирање на ростерот што новиот тренер Лино Червар ќе го има на располагање од леово, па денеска беше претставено и петтото ново засилување за наредната сезона.

Станува збор за Словенецот Малик Татар, 20-годишен лев бек кој ги има минато сите млади селекции во својата татковина, а сега ќе се обиде во дресот на битолчани да направи чекор напред во својата кариера.

„Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер.

Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со нашиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.

Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ“, објави Е. Пелистер.

Се вчитува...