Словенија немоќна, Франција ќе ја брани титулата во Париз

Франција е првиот финалист на 25.Светско ракометно првенство. Во полуфиналето, пред 15.600 гледачи во Акор-Хотелс Арената  во Париз, Французите  ја победија Словенија со 31-25 и во финалето во недела ќе се борат за одбрана на титулата против победникот од второто полуфинале меѓу Хрватска и Норвешка што ќе се одигра утре.

Франција влезе како голем фаворит во полуфиналето со Словенија и уште по првите минути презеде контрола на играта и на резултатот. Словенците на кои ова им е второ полуфинале на светските првенства, тешко успеваа да одговорат на моќната француска машинерија. По првите десет минути, актуелните светски шампиони веќе имаа водство од 6-2. Но, избраниците на Веселин Вујовиќ успеаја да се вратат во игра, постигнаа три гола во серија и имаа напад за изедначување. Сепак, Франција остана во позитива. Серијата грешки и неискористени шанси на Словенците, експресно беа казнети од „експертиет“ кои одново се одлепија, а на одмор заминаа со предност од 15-12.

Капитенота, Вид Кавтичник, со два гола во серија го отвори второто полувреме и одново ја приближи Словенија на 16-14. За разлика од претходните натпреври на кои контрата им беше главно оружје, во овој дуел Словенците играа на подолг напад и тешко доаѓаа до реализација, од надворешните бековски позиции, посебно од левата страна. Сигурната француска одбрана и расположениот Винсент Жерар на голот на Франција им задаваше уште поголеми проблеми на Вујовиќ и на неговите избраници. На другата страна, Французите  погодуваа од сите позици и покрај солидното издание на Матевж Скок (10 одбрани) на словенечкиот гол. Словенците се бореа до крај, но не можеа да се носат рамноправно со доминантниот франциски состав. И на крај заслужено им ја честитаа победата.

Недим Ремили постигна шест, а Валентин Порт беше стрелец на пет гола за репрезентацијата на Франција. Жерар го заврши со 16 одбрани и со титула играч на натпреварот. Во словенечкиот состав најефикасен беше Јуре Доленец со пет погодоци.

Второто полуфинале меѓу Хрватска и Норвешка се игра утре со почеток во 20.45 часот, а големото финале е в недела во 17.30 часот.

Се вчитува...