Словенија со рутинска победа над Алжир

Ракометната селекција на Словенија ги оправда очекувањата на првиот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ, откако рутински го совлада Алжир со 36-28.

Словенците победата ја најавија од самиот почеток на средбата, а веќе до крајот на првото полувреме поведоа со „плус“ шест (17-11). Добрата игра на „зелено-сините“ продолжи и во второто полувреме во кое дополнително беше зголемена разликата.

Со оваа победа Словенија се искачи на врвот на „Група 3“ пред Германија и Норвешка кои ремизираа (25-25) на отварањето на турнирот.

Претходно во неизвесен натпревар, Јужна Кореја славеше над Чиле со 35-36 во „Група 1“ каде уште се наоѓаат и селекциите на Норвашка и Бразил.

Се вчитува...