Селекцијата на Словенија ја оствари втората победа во групата групата 1 од дивизијата Б во Лигата на нации во која се наоѓа и Македонија.
Словенците со 2:1 славеа на „Хампден парк“ во Глазгов над Шкотска и тоа со пресврт.
Шкотите кои пред три дена ја совладаа Македонија со 2:0 во Скопје, во 31-та минута го отворија резултатот преку Кристи.
Одговорот на Словенија дојде во второто полувреме, само 15 минути и треба да направи целост пресврт и да го замолкне „Хампден парк“. Прво Матко во 56-та минута го совлада Ган за 1:1, а во 71-та минута Штурм погоди за 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.
По четири кола, Словенија е втора со седум бода, зад Швајцарија која има максимален учинок, Шкотска е третопласирана со четири бодови, додека Македонија е последна без ниту еден освоен бод и гол-разлика 0:10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
