Словенија ќе се обиде да стигне до карта за Олимписките игри на претквалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Каунас помеѓу 29. јуни и 4. јули каде за противници ќе ги има репрезентациите на Литванија, Ангола, Полска, Јужна Кореја и Венецуела, а за тоа ќе може да смета на услугите на Мајк Тоби.
Американецот кој настапува за Валенсија ќе биде новиот натурализиран играч за Словенија и ќе го превземе местото на Ентони Рендолф, кој поради повреда отпадна од можноста да се најде во ростерот на Александар Секулиќ.
Дваесетишестгодишниот Тоби изминатата сезона бележеше просек од 9.6 поени и 5.0 скока во Евролигата, односно 9.8 поени и 4.3 скока во шпанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА