Словенците решени – Вујовиќ останува селектор

Словенија не успеа да се пласира на СП 2019, но челниците на федерацијата немаат намера да го променат селекторот по овој голем неуспех. Веселин Вујовиќ е решен да си замине од Копер и по се изгледа ќе го преземе кормилото на Висла во Полска, но Словенците се цврсто решени да ја продолжат соработката со овој одличен ракометен стручњак.

Вујовиќ останува селектор, тоа е сигурно. Во моментов сме разочарани, но гледаме напред – ќе се вратиме уште посилни“ – изјави претседателот на Ракометната Федерација на Словенија, Фрањо Бобинац.

Словенија битката во баражот ја загуби на првиот меч во Копер, каде неочекувано беше поразена од Унгарија со 24-29, па вчерашниот триумф во Веспрем од четири гола разлика сепак беше недоволен за да се стигне до мундијалска виза.

Се вчитува...