Словенците се пијанчеле до пет наутро, па загубиле од Полска?!

Словенија беше шокирана во четвртфиналето од Евробаскет од селекцијата на Полска, пораз што тешко им падна на Дончиќ и компанија, како и на сите навивачи на европскиот првак.

Босанскиот портал “bhbasket.ba” денеска обелодени нови информации за причините за поразот, тврдејќи дека словенечките кошаркари биле толку самоуверени во триумф што ноќта пред дуелот со Словенија останале до рано наутро.

„Од нашите извори во Берлин дознавме дека репрезентативците на Словенија ноќта пред мечот со Полска направиле забава за паметење. Пијанката е завршена во пет наутро“, тврди босанскиот портал.

Се останато е добро познато – Словенците делуваа „загубено“ на теренот во првото полувреме, но па иако во вториот дел се вратија од минус дваесет, на крајот го загубија мечот и беа елиминирани од европскиот шампионат.

Се вчитува...