Словенците со Иличиќ и Шпорар, Ангеловски со Пандев и Несторовски

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, го вметна Егзон Бејтулаи во одбраната и Елиф Елмас во стартниот тим за вечерашниот дуел против Словенија на стадионот “Стожице”. Во навалната линија се капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски.

Матјаж Кек исто така со очекуван состав. Најопасни по голот на Столе Димитриевски ќе бидат Јосип Иличиќ и Андраж Шпорар.

 

Се вчитува...