Смешна понуда од Саудиска Арабија: Само 300.000 евра за Енис Барди, Трабзон веднаш ги одби

Клубовите од Саудиска Арабија трошат огромни суми на нови засилувања од европскиот фудбал, па затоа изненадувачки делува информацијата за смешната понуда што пристигнала од оваа земја за Енис Барди.

Турските медиуми информираат дека до Трабзонспор стигнала понуда од неверојатни 300.000 евра за македонскиот репрезентативец. Таа се однесувала на отштета за едногодишна позајмица на Енис Барди, по што следното лето би бил дискутиран негов перманентен трансфер во клубот.

Очекувано, поранешниот шампион на Турција експресно ја отфрлил понудата, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да продолжи да преговара со овој клуб.

Барди минатото лето пристигна од Леванте во Трабзон, па иако имаше добри настапи за овој клуб сепак управата се обидува да го продаде. За неговите услуги се интересираат клубови од Шпанија, како и една екипа од американската МЛС-лига.

Се вчитува...