Смртен случај во семејството на Васоски: Вардар без својот тренер во Струга

Вардар ќе биде без својот шеф на стручен штаб Александар Васоски на денешниот натпревар против Струга ТЛ во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Поради смртен случај во семејството на Васоски, „црвено-црните“ ќе бидат денеска без својот стратег, информираат од клубот.

„Нашиот шеф на стручен штаб, Александар Васоски, нема да биде во можност да ја води екипата на денешниот меч со Струга поради смртта на неговиот татко. ФК Вардар изразува длабоко сочуство на Александар Васоски и неговото семејство во овие тешки моменти. Нека почива во мир!“ – се вели во информацијата од ФК Вардар.

Се вчитува...