Снајдер „полуде“ поради неправда: Не играм повеќе во оваа земја… (ВИДЕО)

Весли Снајдер иако неодамна официјално се збогуваше од репрезентативниот фудбал, продолжува да биде најважниот дел на катарската Ал Гарафа.

Пред два дена Снајдер со два гола го однесе својот тим до победа од 0-2 на гостувањето против Катар СЦ. Но, капитенот на Ал Гарафа сепак во судиското продолжение заработи црвен картон по контакт со голманот на противникот.

Снајдер случајно нагази на раката на голманот од домашната екипа, а судијата поради тоа се одлучи да го исклучи Холанѓанецот. Збунетиот Снајдер не можеше да се помири со таквата одлука, па со псовки кон судијата на излегување извикуваше:

„Ова е мој последен натпревар во Катар!“

Сепак, брзо по мечот се огласи на социјалните мрежи…

„Реагирав во афект затоа што не заслужив црвен картон. Сеедно, сакам да ги демантирам сите лажни медиумски шпекулации. Уживам во животот и во фудбалот во Катар“ – порача Снајдер.

Се вчитува...