Снукер – историја: Робертсон стана осми играч со максимален фрејм на „Крусибл“

Нил Робертсон оствари извонреден успех откако австралискиот снукер-мајстор стана само осми играч што стигнал до максимален фрејм од 147 поени на дуел од Мастерс турнирот „Крусибл“ што традиционално се одржува во Шефилд.

Австралиецот со години наназад е еден од најдобрите во овој спорт, досега во кариерата имаше четири максимални фрејмови, но ниту еден во Шефилд, пред вечерва тоа да му успее на дуелот со Лисовски, и тоа при негатива од 8-10.

Нил Робертсон стана само осмиот играч кој остварил ваков успех на „Крусибл“, по Клиф Торбурн, Џими Вајт,Стивен Хендри, Рони О’Саливен, Марк Вилијамс, Али Картер и Џон Хигинс, кој последен „броеше до 147“ во Шефилд, пред точно две години.

Се вчитува...