Со 51 поен го оправда „Олстар“-повикот, ЛА Лејкерс славеа во најголемото дерби на НБА (ВИДЕО)

Тајрис Макси на најдобар можен начин го оправда повикот за настап на Олстар-викендот во НБА лигата. Имаше незаборавна вечер вокоја забележа рекорд на кариерата од 51 поен во победата на Филаделфија на гостувањето против Јута од 124-127.

Филаделфија беше без Џоел Ембид кој отсуствува поради повреда на менискусот на левото колено, но Макси беше расположен за триумф на својот тим.

Покрај Макси, Тобијас Харис запиша 28 поени, како и Кели Убре Џуниор кој имаше 16 поени. Кај Јута се издвои Марканен со 28 поени.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа во против Бостон со 115-104 во најголемото дерби на НБА лигата.

Лејкерси беа без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но на сцена стапи Остин Ривс кој постигна 32 поени, со седум погодени тројки, и успеа да го реши Бостон на кого не му помогна ниту Џејсон Тејтум со 23 поени.

Њујорк, пак, славеше пред своите навивачи против Индијана со 109-105.

Одлична партија имаше Џејлен Брансон, уште еден учесник на Олстар-викендот, кој беше најзаслужен за пресвртот на својот тим постигнувајќи 40 поени, а дополнети и со пет скока и една асистенција за 37 минути на паркетот.


Се вчитува...