Со Адеми, Барди и Спировски во средниот ред на мегдан против Ерменците

ЕКИПА во Ереван, Ерменија

Никола Ѓуровски

Онака како и што се очекуваше со засилен среден ред и капитенот Горан Пандев како најистурена алка во нападот, македонскиот селектор ќе го стартува натпреварот против Ерменија на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван.

Македонија ќе стартува со Столе Димитриевски на голот, во одбраната Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу и Кире Ристевски, во средниот ред Аријан Адеми, Енис Барди и Стефан Спировски и покрај Горан Пандев на крилните позиции Александар Трајковски од десната страна и Езгијан Алиоски од левата…

Се вчитува...