Со Барселона нема шега, шок за Интер среде Милано (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона продолжуваат да ги тероризираат противниците сезонава и го задржаа максималниот ефект во сите натпреварувања.

Последната жртва на страшната машинерија која ја создаде Ханси Флик е Галатасарај кој во рамки на второто коло во Лигата на шампионите е поразен со убедливи 1:4 во Истанбул.

Турскиот тим поведе со Батраков во 28-та минута, шест минути подоцна му беше поништен гол поради офсајд и тоа беше аларм да се активира „каталонската машинерија“.
До крајот на првиот дел, Кансело го израмни резултатот, а на стартот од вториот дел, на сцена стапи Ламин Јамал и тоа во улога на асистент.
Прво во 50-та минута му асистираше на Фермин Лопез за 1:2, а три минути подоцна и на Ентони Гордон кој погоди за 1:3.
Точка на триумфот стави Карим Адејеми во 65-та минута.

Баерн Минхен имаше очајно прво полувреме во Норвешка, губеше со 2:0 против Викинг, но на крајот прими гол во судиското продолжение и остана без победата.

По шокот кој им го приредија Стенснес и Кристиансен во првиот дел, фудбалерите на Баерн, во второто полувреме за 17 минути дадоа три гола.

Прво Хари Кејн од пенал намали на 2:1, а во 60-та минута погоди и за 2:2, додека Луис Дијаз во 71-та минута погоди за 2:3. По глупоста која ја направи Михаел Олисе кој доби црвен картон, фудбалерите на Викинг тргнаа во офанзива и таквата игра вроди со плод во 90-та минута кога Хауген погоди за 3:3.

На „Џузепе Меаца“, Интер доживеа студен туш губејќи од Бриж со 3:4.

 

Inter 1 – [2] Club Brugge – Nicolo Tresoldi 63′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

 

Херој на Бриж беше Николо Тресолди кој ги даде сите три гола за белгискиот тим. Тресолди го отвори резултатот во 30-та минута,а во вториот дел постигна уште два гола, во 63-та и во 74-та минута.

 

Posts from the soccer
community on Reddit

Два гола за Интер даде Лаутаро Мартинез, но во 87-та минута Вермант погоди за 2:4. Нераѕурите во судиското продолжение успеаја преку Бони само да го ублажат поразот.

Во дербито на вечерта, Атлетико Мадрид со 2:0 го совлада Манчестер Јунајтед, а првиот гол го постигна уште во 50-та секунда.

 

Leipzig [1] – 0 PSV – Brajan Gruda great goal 75′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

 

Арсенал немаше проблеми пред своите гледачи да слави против Лил со 3:0, а и на последните два меча домаќините славеа, Виљареал против Наполи (3:1) и Лајпциг против ПСВ (1:0).

 

Villarreal [3] – 1 Napoli – Tani Oluwaseyi 86′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

 

Се вчитува...