Со дербито меѓу Тиквеш и Брегалница се спушта есенската второлигашка завеса

Огромен е оптимизмот во редовите на Тиквеш пред утрешниот дерби натпревар во Кавадарци против Брегалница во последното есенско коло од Втората лига – Исток.

Кавадарчани веруваат дека со победа ќе го завршат есенскиот дел и ќе докажат дека триумфот од првата меѓусебна средба со Брегалница во Штип не била случајност.

„Се освен победа против Брегалница за нас ќе биде неуспех“ – самоуверен е тренерот на Тиквеш, Раде Цицмиловиќ на кого се надополнува и капитенот Ѓорѓи Мојсов.

„Не очекува дерби дуел со Брегалница, но знаете дека Тиквеш секогаш оди на победа на секој натпревар. Треба да бидеме мирни, со ладни глави, затоа што знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Но, може слободно да кажам дека ние сме најквалитетната екипа не само во источниот дел од Втората лига туку и во западниот, па сигурно утре ќе одиме на трите бода. Тоа ни е важно затоа што сакаме победнички да ја завршиме есента и потоа во пролетниот дел да го обезбедиме првото место и да си обезбедиме место во Првата лига“ – вели Мојсов.

Од друга страна желба за позитивен резултат има и во редовитe на Брегалница кои посакуваат реванш за оној пораз од првиот меѓусебен дуел сезонава. Натпреварот е повеќе од значаен за двата состави во желбата со триумф да се заврши есенскиот дел.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Тиквеш – Брегалница

Каменица Саса – Кожуф

Беласица – Плачковица

Кит Го – Питу Гули

Победа – Осогово

Се вчитува...