Со копачка во грло – старт за во затвор (ВИДЕО)

Јужноамериканските фудбалски дуели со себе секогаш носат посебен жар, но некогаш знаат и да претераат. Така беше денеска на дуелот помеѓу Еквадор и Бразил во квалификациите за СП 2022 во кој старт за во затвор имаше еквадорксиот голман Александер Домингез.

Во 15. минута од натпреварот при обид за расчистување на топката Еквадорецот неконтролирано стартуваше над Куна, притоа со копачка удирајќи го во вратот за што заработи директен црвен картон, а дали ќе остане на истиот или ќе снесе и дополнителна казна останува да видиме.

За среќа бразилскиот напаѓач не заработи сериозна повреда и успеа да го продолжи натпреварот кој се одвива во хаотично темпо. Откако „поцрвене“ Домингез, во 20. минута поцрвене и Емерсон Ројал, а потоа во 31. минута блиску до исклучување беше и Алисон.

Се вчитува...