Со очекуваниот состав против Гибралтар: Со Тричковски, Трајковски и Несторовски во нападот

Македонската репрезентација со очекуваниот стартен тим ќе го почне последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите против Гибралтар вечерва од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски во тимот ќе ги има повратниците Елиф Елмас и Езгијан Алиоски, а на сметка на Горан Пандев и Стефан Спировски кои отпаднаа поради жолти картони односно повреда. Покрај Елмас и Алиоски во средниот ред ќе бидат уште и Енис Барди и Бобан Николов, а Аријан Адеми ќе биде на клупата за резервни фудбалери.

Во нападот очекувано Тричковски, кој на мечот ја носи и капитенската лента, плус Трајковски и Несторовски. Пред голманот Столе Димитриевски во одбраната ќе бидат Кире Ристевски, Муслиу и Бејтулаи.

Се вчитува...