Со „перфекција“ во пензија – Хабиб Нурмагомедов стави крај на сензационалната кариера (ФОТО)

Долго траеа шпекулациите дали Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во кавезот и ќе тргне по јубилејната 30. победа во својата кариера, но сега Русинот стави крај на дилемите откако официјално објави дека оди во пензија со перфектен учинок од 29 победи и ниту еден пораз.

На светската сцена борецот дојде во 2012 година со 16 победи во низа, а перфекцијата ја продолжи и во УФЦ. Првата титула во лесна категорија ја освои во 2018 година против Ал Јакинта, а потоа три пати ја одбрани истата. Големото ривалство против Конор Мекгрегор го заврши со спектакуларна победа, потоа славеше и против Поире, а 29. победа ја забележа против Гетџи.

„Дена Вајт, фала ти многу, брате, тебе и на целата УФЦ организација на приликата да се докажам. Засекогаш променивте многу животи поради овој спорт. Никогаш нема да заборавам како ме примивте, мојот татко не те заборави и моите синови ќе се сеќаваат на тебе“ – напиша Хабиб на својот Инстаграм профил.

Се вчитува...