Со полна сала до нова победа: Бесплатен влез за мечот против Словачка

Македонската сениорска репрезентација имаше успешен старт во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025. На првиот дуел, остваривме гостинска победа во Данска, а веќе во недела, нè очекува и вториот натпревар од групата „Д“. Во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ ни гостува репрезентацијата на Словачка.

Од Кошаркарската федерација на Македонија информираа дека влезот за овој натпревар ќе биде бесплатен.

„Натпреварот се игра на 28. август (недела), стартува од 19.часот, а влезот на трибините во „храмот на кошарката“ ќе биде слободен. Затоа сите заедно, да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот. Во недела навечер, сите сме во „Кале““, стои во соопштението на КФСМ. 

Се вчитува...