Со тројка од десет метри – Леброн го испрати Кари дома

Лос Анџелес Лејкерс обезбеди влез во плејофот откако актуелните шампиони во драматичен натпревар славеа над Голден Стејт со 103-100. Леброн Џејмс беше во главна улога на овој меч, постигнувајќи ја клучната тројка токму во стилот на Стеф Кари, кога беше прецизен од десетина метри и ги постави конечните 103-100.

Голден Стејт се обиде да се врати но „воините“ до крајот на мечот не најдоа одговор за одбраната на „езерџиите“, па ЛА Лејкерс е тимот што ќе се најде во доигрувањето за титулата во Западната конференција. Леброн беше фантастичен стигнувајќи до трипл-дабл од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции, Дејвис реализираше 25 поени за домашниот тим, додека на Голден Стејт не му помогнаа ниту 37-те поени што ги постигна Стеф Кари.

Mемфис го доби дуелот со Сан Антонио со резултат 100-96, предводен од извонредниот литвански центар Валанчиунас, кој оствари импресивен дабл-дабл од 23 поени и 23 скокови. Брукс со 24 поени беше прв стрелец на натпреварот, додека кај Сан Антонио најефикасни беа Де Розан и Геј со по 20 поени.

Се вчитува...