Собрание на ОФМ: Статутот и финансискиот извештај повторно пред делегатите на 13. октомври

Одбојкарската федерација на Македонија ќе одржи собрание на 13. октомври. На оваа седница која практично е втор дел од собранието што се одржуваше во Штип во јули годинава пред делгатите повторно ќе бидат ставени на разгледување завршната сметка како и Статутот на Федерацијата.

Завршната сметка не го помина претходното собрание затоа што беше забележана разлика во бројките од сметката меѓу извештајот што беше поднесен на собранието и оној во Централниот регистар. Имаше забелешки и на Статутот кој тогаш беше понуден на усвојување.

По двете ревизии, внатрешна и недворешна, констатирана е грешката во финансискиот извештај која била од техничка природа, велат од ОФМ, и пропустот е исправен. Само една екипа поднела забелешки на Статутот и тие се вкорпорирани во новопредложениот материјал.

Собранието кое што се одржа во Штип беше изборно и на него за претседател на Федерацијата беше реизбран Петар Јовановски.

Се вчитува...