Собрание ОФМ: Усвоени Статутот и завршната сметка

Следејќи ги заклучоците од Изборното собрание во Штип во јули, Одбојкарската федерација на Македонија одржа седница на Собранието во Скопје, на којашто главни точки беа финансискиот извештај за 2019-та, како и новиот Статут на ОФМ. Највисокото тело на Федерацијата со огромно мнозинство го изгласа финансискиот извештај за минатата година (два гласа против и еден воздржан), а откако дискутираше за предложениот Статут, го усвои највисокиот правен акт со забелешка дека се уште е отворена опцијата да се менуваат одредени одредби во насока на функционалност во работата.

„Задоволен сум што клубовите активно учествуваа во работата на седницата којашто практично беше продолжение на Изборното собрание од Штип. Усвоивме неколку акти коишто ќе ни овозможат поефикасно работење во исполнувањето на целите коишто се наш приоритет“, изјави претседателот на ОФМ Петар Јовановски.

Покрај за нормативните аспекти, делегатите-претставници на клубовите разменија мислења и за низа прашања во врска со организација на претстојната сезона во актуелните здравствени околности, како и за кровните насоки во развојот на одбојкарскиот спорт кај нас, по што Извршниот одбор на Федерација треба да донесе одлуки во претстојниот период.

Се вчитува...