Согласно најавите: Со Пандев, Несторовски, Трајковски и Хасани во напад на Летонија

Познати се составите за натпреварот од 1. коло во квалификациите за ЕП 2020 меѓу Македонија и Летонија кој од 20:45 часот се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Согласно очекувањата и најавите селекторот Игор Ангеловски во тотална офанзива кон голот на Летонците од самиот старт со капитенот Пандев и Несторовски во најистурената линија и Александар Трајковски и Ферхан Хасани од страничните офанзивни линии.

Во средниот ред ќе бидат Енис Барди и Бобан Николов, а во одбраната Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Езгијан Алиоски пред голманот Столе Димитриевски…

Се вчитува...