Соиграч на Барди во затвор за изнудување пари!

Атмосферата во редовите на Леванте е сериозно нарушена откако фудбалерот на оваа екипа, Антонио Гарсија Аранда – Тоњо, беше уапсен во полициска акција поврзана со криминимална група за извршени бројни незаконски дејствија, најмногу од се изнудување пари и закани.

Тоњо (29 години) бил однесен пред истражен судија и откако го дал својот исказ, по што на соиграчот на нашиот Енис Барди и на уште четири лица им била изречена казна притвор.

„Со оглед на тајноста околу целиот процес како и пресумпцијата на невиност, сакаме да му искажеме апсолутна поддршка на нашиот фудбалер и на неговото семејство. Нема да даваме дополнителни коментари на оваа тема додека не се појават повеќе детали за целиот случај и обвиненијата против Тоњо“ – се вели во клупското соопштение на Леванте.

Барди и соиграчите својот нареден натпревар од Примера дивизион го играат в понеделник, на гостински терен против Алавес.

Се вчитува...