Соиграч на Пандев го засили нападот на Милан

Милан доведе уште еден офанзивен крилен фудбалер во своите редови, договарајќи ја шестмесечната позајмица на Лукас Окампос од редовите на Џенова. Тренерот Монтела го посакуваше овој играч уште од почетокот на преодниот рок, за конечно да бидат договорени сите детали со Џенова, но и со Олимпик Марсеј, клубот од каде Аргентинецот беше позајмен во екипата каде што настапува нашиот Горан Пандев.

Договорени се сите детали и Окампос ќе стане нов член на Милан, тоа е завршена работа“ – истакна Адријано Галијани, кој е задолжен за трансфери во таборот на „росонерите“.

Окампос ќе ја пополни празнината во тимот што настана со заминувањето на Нианг, кој се пресели во англискиот премиерлигаш Ватфорд. Претходно, „росонерите“ доведоа уште еден млад крилен офанзивец, Шпанецот Жерар Деулофеу од редовите на Евертон.

Се вчитува...