Соиграч на Ристовски и Адеми се сруши на терен на меч на Динамо Загреб

Динамо Загреб ја совлада Горица со 1-0 во натпревар од хрватското првенство. Беше тоа рутински одработена работа на „модрите“ кои се подготвуваат за плеј-оф мечот против Шериф Тираспол во квалификациите од Лигата на шампионите.

Сепак, непријатна сцена се случи на крајот на мечот. Фудбалерот на хрватскиот шампион, Лирим Кастрати по крајот на мечот падна сам од себе на теренот. Веднаш во помош притрча лекарскиот тим кој му помогна да стане, по што беше изнесен од теренот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека со напаѓачот од Косово се е во ред и тоа се случи поради големиот напор кој што го има изминатиот период и големите температури па почувствувал слабост која била клучна за неговото рушење.

Се вчитува...