Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз со 72-83 на гостувањето кај новиот суперлигаш Соколи Штип, во пријателски натпревар кој помина во знакот на свеченото отворање на новиот модерен спортски центар во Штип.
Иако натпреварот имаше контролен карактер во пресрет на новата сезона, домаќините мотивирано ја искористија славеничката атмосфера и пред својата публика стигнаа до триумф од 83-72.
Во редовите на „штрковите“, беше Ноа Фарахан, кој постигна 21 поен. Покрај него, двоцифрен учинок забележаа и Лесли Варнер со 13 поени и Дамјан Стојановски со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
