Солари ќе биде тренер на клубот на Бекам

Сантијаго Солари ќе биде првиот тренер на новиот клуб на Дејвид Бекам, Интер Мајами, кој од следната година ќе се натпреварува во амеркианската МЛС лига.

Минатата сезона, Солари имаше неуспешна одисеја во Реал Мадрид, тој го предводеше „кралскиот клуб“ во периодот по заминувањето на Хулен Лопетеги и враќањето на Зинедин Зидан на „Сантијаго Бернабеу“. Аргентинецот претходно работеше во младинските категории на Реал и беше тренер и на вториот тим. Тој сега е без ангажман.

Бекам и Солари беа соиграч во Реал Мадрид, а наводно новата соработка треба да ја официјализираат во текот на следниот месец. Покрај тренер, Бекам е во обид да ангажира и звучни засилувања за тимот, па медиумите шпекулираат дека преговара со неколку имиња од европскиот фудбал.

 

 

 

Се вчитува...