Сантијаго Солари имаше победничко деби на клупата на Реал Мадрид, откако аргентинскиот стратег славеше со 0-4 на гостувањето против Мелилја во рамките од Копа дел реј. „Кралевите“ во минатото знаеле да налетаат на „мина“ во ова натпреварување, но овојпат забележаа лесна и убедлива победа иако новиот тренер значително го изротира тимот.
Имено, покрај повредените Варан и Марсело денеска во екипата ги немаше ниту Крос, Модриќ, Иско и Бејл, а деби како првотимец имаше Бразилецот Виничиус. Реал доминираше и заслужено стигна до триумф, а стрелци на головите беа Бензема, Асенсио, Одраизола и младиот Кристо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА