Солари: Реал не се откажува од трката за титулата

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз (1-2) на „Сантијаго Бернабеу“ од Џирона и повторно се оддалечи од Барселона на девет бода во битката за шампионската титула во Ла Лига. Го загуби повторно и второто место од градскиот ривал Атлетико Мадрид. Сепак, тренерот Сантијаго Солари смета дека ништо не е готово и дека „кралевите“ и понатаму ќе се борат за шампионскиот трофеј.

„Дали сме го загубиле првенството? Не мислам така. Ние ќе се бориме во трите натпреварувања, до самиот крај. Остануваат уште многу натпревари до крајот. Секој нареден викенд не очекува нов тежок натпревар. Нема лесни ривали во Шпанија, а ние ќе се трудиме да ја намалиме негативата во однос на конкурентите“, изјави Сантијаго Солари.

Следниот викенд Реал Мадрид му гостува на Леванте, тимот на Енис Барди.

Се вчитува...