Солари: Се што можеше да тргне наопаку – тргна наопаку!

Аргентинскиот стратег Сантијаго Солари живее кошмарни денови на кормилото на Реал Мадрид. Синоќа тимот е елиминиран и од Лигата на шампионите, откако претходно загуби двапати на домашен терен од Барселона. Ајакс го нокаутира „кралскиот клуб“ и во елитното европско натпреварување и практично го остави без трофеј сезонава.

Солари признава дека Ајакс бил подобар тим и дека поразот боли многу.

„Се што можеше да тргне наопаку – тргна наопаку! Ова е многу тежок пораз, болна елиминација за клубот и сакам да им се извинам на навивачите. Момците се чувствуваат лошо, бидејќи освоија три круни во ЛШ по ред, четири во последните пет сезони. Нема оправдување, но мораме да продолжиме понатаму. Ќе ги анализираме грешките и ќе гледаме напред“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...