Солбакен: Не ми е јасно како Фелипе игра во Македонија…

Стратегот на Копенхаген, Стале Солбакен, имаше пофални зборови за Вардар на вчерашната прес-конференција, но овој стручњак дефинитивно има потценувачки однос кога станува збор за македонскиот фудбал како целина. Така, тренерот на данскиот првак го пофали Фелипе како предводник на „црвено-црните“, додавајќи дека е изненаден како може толку квалитетен фудбалер да игра во лига како што е македонската.

Нема дилеми дека Фелипе е најдобриот фудбалер на Вардар. Тој е одличен игра за врска, и со сета почит кон нашиот противник, не можам а да не се запрашам како таков фудбалер може да игра во лига како оваа. Ќе треба добро да внимаваме на него, исто како и на Балотели, кој е физички многу силен и може да ни создаде многу проблеми во нападот“ – истакна Солбакен.

Тој изрази и мала загриженост поради високите температури, иако олеснувачка околност за Копенхаген е што денешниот меч ќе стартува во 20 часот.

На тренингот беше пеколно, но очекувам на мечот ситуацијата да е подобра бидејќи играме два часа подоцна. И порано имаме настапувано на слични температури во европските квалификации, ќе сториме се за тоа да не влијае врз нашата игра“ – порача стратегот на Копенхаген.

Се вчитува...