Солидна партија на Мекиќ во убедливата победа на Задар над Цедевита

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ и неговиот Задар запишаа нова победа во хрватскиот шампионат откако во натпревар од 3. коло во плеј-офот на домашен терен славеа со убедливи 85-67 над Цедевита.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно па веќе по десет минути игра имаа плус девет (21-12). До крајот на првиот дел предноста веќе беше двоцифрена (50-34). Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 85-67.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со девет поени, надополнети со пет асистенции и четири скока.

Се вчитува...