Солидна партија на Војдан Стојановски во победата на По Ортез над Шалон

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Војдан Стојановски имаше солидна партија во победата на неговиот нов тим По Ортез над Шалон со 92-86 во натпревар од 16. коло од француската кошаркарска лига.

Нашиот репрезентативец натпреварот го заврши со седум поени и три скока. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дентмон со 27 поени, Мур постигна 16, а Корнелие 15. Кај гостите се истакна Робинсон со 21 поен.

Со оваа победа  По Ортез се искачи на десетата позиција на табелата со скор од шест победи и девет порази.

Се вчитува...