Солскјер без половина тим по чудо против ПСЖ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, верува нега неговиот тим може да направи подвиг и да продолжи во четвртфиналето од Лигата на шампионите и покрај тоа што во реваншот треба да ја надмине предноста од 2-0 на Пари Сен Жермен, да го направи тоа во гости и тоа без најголем дел од клучните играчи.

На многуте повредени во тимот им се приклучува и Алексис Санчез кој заработи повреда на коленото на дуелот со Саутемптон, а Пол Погба е под суспензија поради црвениот картон на првиот меч.

Солскјер не може да смета ниту на Антони Марсијал, ниту на Херера, Лингард, Мата како и на Матиќ. Повредени се и Валенсија и Дармијан, а болеста би можела да го спречи и дефанзивецот Џоунс да игра против ПСЖ.

„Знаеме дека ќе биде тешко. Загубивме дома, а имаме и многу повредени играчи. Но, мора да се обидеме. Имаме огромна планина за искачување. Имаме квалитетни играчи, но ќе видиме до среда кој се нема да игра“ – вели Норвежанецот.

Кај ПСЖ, Единсон Кавани веројатно повторно нема да биде во тимот, а Нејмар е отсутен веќе подолго време поради повреда на стапалото.

 

Се вчитува...