Солскјер: Го допревме дното против Арсенал

Манчестер Јунајтед го доживеа првиот пораз во Премиер – лигата откако тимот е под раководство на Оле Гунар Солскјер. „Црвените ѓаволи“ загубија на гостувањето кај Арсенал со 2-0, а натпреварот го одбележа големата грешка на голманот Давид де Хеа, за првиот гол на Гранит Џака.

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер, сепак, вели дека неговата екипа не заслужила пораз.

„Разочарани сме од резултатот бидејќи игравме многу добро. Ако го погледнете нашиот настап, не можете да кажете дека заслуживме да изгубиме. Досега имавме одлични резултати, но овојпат го допревме дното бидејќи загубивме и пропуштивме можност да го притиснеме и Тотенхем“ – изјави Солскјер.

Следен предизвик за Манчестер Јунајтед е дуелот од 1/4 финалето на ФА купот на гости против незгодниот Вулверхемптон, кој вчера освои бод на гостувањето кај Челси.

Се вчитува...